Фенди со нова колекција во чест на Карл Лагерфелд | Trendseteri
Menu

Фенди со нова колекција во чест на Карл Лагерфелд

Fendi чанта наречена Карлиграфија

 

Италијанскиот моден бренд Фенди излезе со нова специјална чанта наречена Карлиграфија, во чест на легендарниот дизајнер и екс директор Карл Лагерфелд.

Карл Лагерфелд (10 септември 1933 – 19 февруари 2019) е германски моден креатор, уметник и фотограф со седиште во Париз. Има соработувано на многу проекти поврзани со уметноста и модата, најмногу како главен креатор и креативен директор на модната куќа “Channel”. Лагерфелд раководел и со неговата сопствена модна куќа, како и со италинската куќа “Fendi”.

Оваа чанта може да се пофали со структурно совршенство и безвременска разноврсност на класичната чанта Фенди, со еден многу посебен детал: Иконското двојно лого, кое е дизајнирано од Лагерфелд во 1981 година, во златнo издание. Достапни се во жолта, црна, сина, кафеава и бела боја.