Жена која разубавувa сè околу себе | Trendseteri
Menu

Жена која разубавуа сè околу себе

30 годишната самохрана мајка која разубавува сè околу себе!

 

Елена Јанев, жена, мајка, кралица која храбро чекори низ животот трудејќи се умешно да го балансира развојот на својата девет годишна ќерка заедно со професионалниот живот. Веќе неколку години најбараната шминкерка за која допрва ќе се слуша низ Македонија, па и пошироко, е жена која ги разбива сите табуа за самохраните мајки. „Умешноста за мултитаскинг и балансирање е нешто на кое работев долго време и се посветив со сета моја љубов и трпение, веројатно тоа е формулата за успех“, вели Елена.

Љубовта кон шминкањето се појавила во периодот кога највеќе се посветила на пронаоѓање на себе си, „шминкањето покрива недостатоци, а ги истакнува убавините, барем за миг можам да направам девојките да се чусвтуваат како пепелашки“- со насмевка вели таа.

Будењето на самодовербата кај луѓето кои барем за миг се чувствуваат убаво во своја кожа е подарок плус. Со шминка чуда се случуваат.

Исто така ја обожава фотографијата. Неодмна беше дел од рекламна кампања за познат полски бренд.

Трендсетерка со стил

Foto: Vladimir Gjorgiev

Elena @ Facebook
          @ Instagram