Теа Трајковска - ексклузивно интервју | Trendseteri
Menu

Теа Трајковска – ексклузивно интервју

Урбана девојка со стил – кратко… Thea

Имавме чест да добиеме ексклузивно интервју од една од успешните пејачки од македонската музичка сцена. Песните со оригинални текстови во кои секој се пронаоѓа, специфичната интерпретација, имиџот и сексапилот се нејзиниот заштитен знак.

Разговорот би го почнале со многу едноставно прашање.

Како го започнуваш денот?

Се обидувам денот да ми почнува со позитивна мисла, а неизбежно ми почнува со аларм за будење и кафе. Не сум ранобудник, меѓутоа ако распоредот на денот го налага тоа функционирам и од раните часови. Ааа да, и секогаш имам распоред на денот. 

Kолку ти влијае фамилијата во твоето секојдневие?

Многу. Пред сè, сè уште живеам со моето семејство така да со тоа доаѓаат и секојдневни фамилијарни обврски.

Многу сум благодарна што живеам во љубов и мир и советите од моите родители ми се „priceless“. 

 

Секој што малку те познава знае дека имаш специјално место во срцето за твојата помлада сестра. Која е најважната животна лекција што ќе настојуваш да ѝ ја предадеш?

Па најважно ми е да израсне во добар човек, бидејќи на планетава земја и требаат повеќе добри луѓе.

Исто така, да биде силна и смела во своите постапки, ама бидејќи е лавче со тоа нема да имаме проблем.

Кој е најдобриот совет што си го добила во животот? Од кого?

Не сум сигурна дека е совет, ама нешто што ми е животно мото и мантра ми е да се борам за работите што ги сакам.

 

Што значи музиката за тебе?

За мене музиката е сè. Од инспирација, драјв, до тоа што го правам и во слободно време и во работно. 

Бидејќи сум го посветила цел живот на тоа, како и образованието, ми е тешко да се замислам во било што друго.

Која песна од светската сцена од последните 10 години би сакала да ја снимеше ти?

Не ми текнува моментално на конкретна музичка тема, ама се што е од Ed Sheeran може да учествува во одговоров.

 

Кои се најапсурдните гласини кои си ги чула за себе?

Сум чула еден куп ствари, некои точни, многу неточни. За среќа или несреќа после некое време доколку имаш јавна професија се навикнуваш на слушање глупости и престануваш да обрнуваш внимание. 

А да, сега скоро ме прашаа дали е мое списанието ТЕА модерна ??.

 

Откриј ни 5 факти за тебе кои обожавателите не ги знаат.

  1. Се плашам од пајаци
  2. Голем љубител на животни сум ама од скоро сум алергична на мачки 🙁 *една од потажните работи што ми се имаат десено*
  3. Единствен спорт во кој што сум добра е скијање 
  4. Научив да читам на три години… ?
  5. …а да свирам клавир на 6 ?

Ова лето престојуваше во Турција. Како си помина, дали е дестинација која би ја посетила уште еднаш?

Си поминавме супер и можам да кажам дека тоа патување ќе ми биде едно од подрагите спомени. Голема благодарност до Фибула Травел и до хотелот Босфорус Соргун кои се погрижија за тоа, и едвај чекам да го споделам со публиката тоа што го работевме таму. Сум била во Турција неколку пати, последниве два пати работно ама многу сакам да ја шетам.

Дали беше патувањето одмор, или има поврзност со твојот нов сингл кој наскоро се очекува премиерно?

Во Анталија отидовме да снимиме видео за мојот нов сингл и сосема случајно сетингот ни се вклопи одлично со самата песна. Ќе дознаете повеќе за неколку дена.

Дали може да ни го откриеш насловот на новиот сингл, колку време работеше на него и каква порака праќа?

Песната се вика ШББ КББ 🙂 

На проектот работевме околу 3 месеци и сум многу среќна што е сосема различен звук од сите теми што се најдоа на албумот. Околу пораката можам да кажам само дека е тема во која сите ќе се пронајдат.

 

Која твоја песна најдобро те опишува?

Би рекла дека сите песни се дел од мене и некој период од мојот живот и психички состојби. Секогаш најмногу се идентификувам со тоа што последно сум го сработила, така да stay tuned и ќе слушнете за недела дена.

Доколку не беше пејачка, Теа би била…

 Космонаут ?‍?

 

Која фраза или збор претерано ги користиш?

Хахахха ќе мора да прашате некој од мојата блиска околина, вака не сум многу објективна сама за себе. За најкористено emoji подобро ќе се снајдев ??‍♀️

 

Што за тебе е совршена среќа?

Тој што рекол дека среќата ја сочинуваат малите работи, бил во право, така да за мене совршена среќа е тоа да умеам да ги препознаам и да знам да им се израдувам.

 

Каде се гледаш за 10 години?

За 10 години сакам да сум само среќна и реализирана – во тоа што го работам и тоа што го претставува моето секојдневие. За второво постојат многу сценарија и правци ама не сакам да им давам дефиниција. 

И за крај…кој совет може да им го дадеш на нашите читатели кои имаат желба да станат дел од музичката сцена?

Да бидат свои и да веруваат во својата музичка визија.

 

Фустанот е креација на нашиот дизајнер Папаз, мејкап Дани FREEDOM, зад фотографиите стои потписот на Небојша Петревски од студио „Procam“, додека видеото е дело на Стефан Димитриески

Со Теа имавме одлично дружење, фотосесијата ја снимавме во „Brick and Eat“ бар и на боемска улица во Дебар Маало. Голема благодарност до нашите партнери „Park Hotel & Spa“.

Photo by Nebojsa Petrevski, Stefan Dimitreski, Aleksandar Neskoski @ Procam Studio
Outfit by Papaz
Make up Dani – Freedom
Location – Brick Eat @ Park Hotel & Spa