Изгледајте лежерно и кул
Кога станува збор за модели на чевли, освен каубојките кои се вистински хит оваа сезона, постои уште еден модел на чизми што би требало секоја модерна жена да ги поседува.
Чизмите инспирирани од 90-те години кои веќе неколку сезони се исклучително популарни. Комбат чизмите – мешавина од популарните мартинки и бајкерки, ги гледаме во модните комбинации на сите трендсетерки. Овие чизми буквално ги преплавија улиците на светските метрополи.
Овие удобни чизми му даваат на вашиот изглед бунтовничка, урбана нота, па ќе изгледате во исто време лежерно и кул, а притоа вашите нозе ќе бидат на сигурно и кога надвор има невреме.
Познатите модни брендови излегоа со новите модели на комбат чизми кои вреди да ги погледнете…