Чанта на половината? Зошто да не! | Trendseteri
Menu

Чанта на половината? Зошто да не!

Светските трендсетерки полудеа по овој тренд

 

Овој тренд или го сакате или го мразите.

Трендот на носење чанта околу половината беше популарен во текот на 90-тите години и тогаш, но и сега предизвикува поделени мислења кај експертите. Овој тренд полека влезе на модната сцена во почетокот на пролетта, а во последно време е се поактуелен.

Често ги гледаме дамите на улиците со овој моден додаток, а сите модни дизајнери го имаат во своите колекции. Овој аксесоар е многу практичен и бидејќи се носи околу половината, ја прави фигурата повитка.

Трендсетерките ги носат во лежерни комбинации и во свечени прилики.