Омилените комбинации на бои
Дали знаевте дека одредени комбинации на нијанси можат да направат да изгледате погламурозно од кога и да било до сега? Можеби веќе инстинктивно ги носите овие тонови. А, доколку не е така, тогаш не е доцна да го надополните плакарот со уште некое парче од овие бои и спремни сте за комбинации.
Зелена и кафеава
Според модните експерти, луксузниот стил најдобро се постигнува со комбинација на маслинесто зелена и коњак-кафеава нијанса, и тоа парчињата да бидат во зелена, а модните додатоци и чевлите во кафеава боја.
Жолта и сина
Премногу пастелни нијанси во едно издание често не даваат добар резултат, но не и кога се во прашање светлосината и светложолтата боја. Тајната е во контрастот помеѓу топла и студена боја поради која оваа комбинација ќе го направи вашиот изглед погламурозен.
Беж и бела
Обожавателките на модниот минимализам се верен пријател на оваа комбинација на бои. Со оваа комбинација нема грешка!
Црвена и розева
Некогашната табу-комбинација денес е една од омилените кај трендсетерките кои секогаш знаат како да изгледаат шик.