Ангелот од Victoria’s Secret во урбан стајлинг без грешка
Низ улиците на Њујорк секојдневно поминуваат илјадници трендсетерки кои со своите модни комбинации го привлекуваат целото внимание на останатите минувачи, а една од нив е Елса Хоск. Познатиот ангел од Victoria’s Secret се појави во сензационален стајлинг кој ги обединува најактуелните трендови и најпосакуваните парчиња облека.
31- годишната манекенка ја спои класиката на урбан начин и покажа како деловниот аутфит може да изгледа скапо и префинето.