Ова е водечкиот летен тренд кога е џинсот во прашање! | Trendseteri
Menu

Ова е водечкиот летен тренд кога е џинсот во прашање!

Токму ова парче облека од тексаc е она што ви треба летово


Конечно дојде редот и тие да заземат водечка улога во светот на модата. Бермудите повторно се првиот избор на сите модерни жени, а ќе ве израдува и фактот што конечно можете да ги носите и на работа.

Во нив ќе изгледате апсолутно шик. Лесно се комбинираат со речиси сè.

Може да бидат дневна, лежерна варијанта доколку ги искомбинирате со некои еспадрили или балетанки или како варијанта за излегување доколку со нив обуете интересни и ефектни чевли со потпетица.

Погледнете ги нашите предлози за стилизирање и комбинирање на ова интересно парче облека.