Совршени комбинации со бела маица | Trendseteri
Menu

Совршени комбинации со бела маица

Неодоливата привлечност на белата маица

 

Без оглед на трендовите и на стилот, ова парче е секогаш совршен почеток на секоја комбинација. Остава простор за креативност и за многу различни комбинации.

Совршено се спарува со џинс, стои добро под ленено сако, сезонава ќе ја комбинираме со трендовски широки панталони и свиленкасто слип-здолниште, се прилагодува на различен стил, од минималистички со еклектичен, убаво ѝ стојат златни ланчиња.

Да, зборуваме за белата маица, базата на сечија гардероба. Толку едноставна, а колку многу ефектна. Поради разновидноста што ја нуди, белата маица е неизбежен дел од нашиот гардеробер.