Безвременски тренд | Trendseteri
Menu

Безвременски тренд

Бела кошула и фармерки

 

Класичната бела кошула е парче облека кое може да се комбинира со апсолутно сè во вашиот гардеробер.

Но, заедно со добар пар фармерки станува омилената пролетна униформа за секој ден и секоја пригода.

Згодни и убави жени често ги гледаме во овој безвременски аутфит. 

Со помош на впечатлива чанта, шарени високи потпетици или патики, како и соодветни аксесоари, белата кошула и фармерките може да добијат повеќе лица.