Изглед кој е одличен за бизнис опкружување, но и за пијачка после работа
Шик кој не е претерано шик и бизнис стајлинг кој не е премногу бизнис – така најдобро би го опишале стилот кој подразбира бизнис шик и кој изгледа одлично.
Се работи за изглед кој е одличен за бизнис опкружување, но и за пијачка после работа.
Ниту претерано конзервативно, но не ни премногу елегантно – некој си баланс на средина.
Судејќи по стајлинзите на познатите дами, парчињата кои се неопходни за да го постигнете овој стајлинг и кои се основа на бизнис шик стилот се потпетици и блејзер.
Останатото е во главно еднобојна маица или кошула, панталони, добра чанта и очила за сонце.
Кралица на одличниот стилизиран бизнис шик е секако единствената Викторија Бекам, но тука се и некои други познати дами кои успешно го комбинираат овој стил.