Бизнис шик – стилот кој го демонстрираат познатите | Trendseteri
Menu

Бизнис шик – стилот кој го демонстрираат познатите

Изглед кој е одличен за бизнис опкружување, но и за пијачка после работа


Шик кој не е претерано шик и бизнис стајлинг кој не е премногу бизнис – така најдобро би го опишале стилот кој подразбира бизнис шик и кој изгледа одлично.

Се работи за изглед кој е одличен за бизнис опкружување, но и за пијачка после работа.

Ниту претерано конзервативно, но не ни премногу елегантно – некој си баланс на средина.

Судејќи по стајлинзите на познатите дами, парчињата кои се неопходни за да го постигнете овој стајлинг и кои се основа на бизнис шик стилот се потпетици и блејзер.

Останатото е во главно еднобојна маица или кошула, панталони, добра чанта и очила за сонце.

Кралица на одличниот стилизиран бизнис шик е секако единствената Викторија Бекам, но тука се и некои други познати дами кои успешно го комбинираат овој стил.