Модна лекција за сите успешни жени
Кејт Милдтон (37) блесна во класично бизнис издание, додека заедно со принцот Вилијам присуствуваше на хуманитарен настан во Лондон.
Војвотката од Кембриџ, која е позната по своите фустани и капути, овој пат се појави во пантолони и сако – бизнис класика која никогаш не излегува од мода.
Нејзиниот стајлинг во бордо пантолони со сиво-бело сако и бела маичка, стручните модни лица го оценија со чиста 10ка. Црните салонки со дебела пета и неутралната шминка го заокружија целокупниот изглед.
Овој бизнис стил одговара на секоја жена и се што ви треба се пантолони или сако во јаки бои, додека остатокот од парчињата облека мора да биде неутрален. Сивата и бордо боја се совршена комбинација за оваа есен.