Бизнис стил кој одговара на секоја жена | Trendseteri
Menu

Бизнис стил кој одговара на секоја жена

Модна лекција за сите успешни жени

 

Кејт Милдтон (37) блесна во класично бизнис издание, додека заедно со принцот Вилијам присуствуваше на хуманитарен настан во Лондон.

Војвотката од Кембриџ, која е позната по своите фустани и капути, овој пат се појави во пантолони и сако – бизнис класика која никогаш не излегува од мода.

Нејзиниот стајлинг во бордо пантолони со сиво-бело сако и бела маичка, стручните модни лица го оценија со чиста 10ка. Црните салонки со дебела пета и неутралната шминка го заокружија целокупниот изглед.

Овој бизнис стил одговара на секоја жена и се што ви треба се пантолони или сако во јаки бои, додека остатокот од парчињата облека мора да биде неутрален. Сивата и бордо боја се совршена комбинација за оваа есен.