Од торбички до украсни детали за коса – 7 модни додатоци на кои ќе кажеме „ДА“ оваа сезона
Со овие детали комплетирањето на вашиот аутфит ќе биде вистинска игра! Кој вели дека есента мора да биде тмурна, еднолична и досадна?
Кога не знаете што да облечете, свртете се кон класичните парчиња во невпечатливи бои, а потоа потполнете ја комбинацијата со модни додатоци кои ќе ве трансформираат во стилска кралица.
Капите и шеширите се повторно во мода, можете да одберете и помеѓу беретка или капа со морнарски крој, а кој и модел да го одберете ви гарантираме добра забава и тренди изглед.
Се врати и бижутеријата на сцена, конкретно гломазните и пластични детали кои ќе го потполнат совршено вашиот изглед во комбинација со женствени блузи и гломазни џемпери, а кога се во прашање чантите и торбичките, не е битно во која боја се, одберете модел со интересен облик, по можност геометриски или вреќасти.
Глумицата Poppy Delevingne неодамна не воодушеви со фризура со панделки на доделувањето на Emmy наградите, а слично и самите можете да го направите со големите црни панделки кој ќе ги најдете низ нашите продавници.
Кои хит модни додатоци ги одбравме за вас, погледнете во продолжение и инспирирајте се!
Морнарска капа
Очила за сонце
Дамски ракавици со панделки
Пластични обетки
Геометриска мини чанта
Панделка за коса
Тенко синџирче со розев камен