5 стилски лекции од Кери Бредшо кои сè уште се актуелни | Trendseteri
Menu

Што би направила Кери Бредшо?

5 стилски лекции од Кери Бредшо кои сè уште се актуелни


Тешко е да бидете приметени без да ризикувате. Тоа најдобро го знае Кери од „Секс и град“. Иако некои работи кои Кери ги носеше, не можат да поминат без зајадливи коментари, некои од нејзините златни правила сеуште се применуваат.
 
 
 
 

Не се плашете од боите

 
 
Ретко кога Кери би облекла нешто неутрално или неприметно. Сакате каде и да влезете сите очи да бидат вперени во вас? Заборавете на дијамантите и гушнете ги боите. Неонските нијанси и така моментално ги имаат своите 5 минути.
 
 

Слоевито и неочекувано

 
 
Поткушула и бисери? Елегантно здолниште со средна должина и обична маица со кратки ракави? Зошто да не? Кери во некои комбинации беше далеку пред времето, а една од тие е уметноста на слоевитото облекување. Тоа е интересно но и многу корисно за променливото пролетно време што ни доаѓа.
 
 
 

Вложете во добри чевли

 
 
Гледајте на тоа како на вложување во вашата иднина. Добро, не до толку…Кери премногу трошеше на чевли, но еден по скап и квалитетен пар од време на време, со сигурност ќе ви се исплати. Знаете како кажуваат, или сте во кревет или во своите чевли, никако не смеете да штедите на тие работи во животот.
 
 

„Go big of go home“ 

 
 
Знаете која е разликата помеѓу трендсетерките и оние кои само ги следат? Бесстрашноста!!! Кога Кери експериментираше со волуменозни модели, тоа никогаш не би останало не приметено.
 
 

Мешање бои и принтови

 
 
Некои од старите модни правила беа доста ограничени, можете да носите максимум три различни бои, чевлите и чантите да бидат ускладени, или дека не може да носите различни принтови во исто време…
…тогаш се појави Кери и нè спаси покажувајќи ни како хаосот е доста кул.