Најубавите цитати на Тоше Проески | Trendseteri
Menu

Најубавите цитати на Тоше Проески

Цели 12 години без Тоше

Цели 12 години без Тоше, 12 години се сеќаваме на неговата несебичност, човечност, скромност, хуманост… Човекот кој живее вечно, бидејќи вечно го споменуваме. Во чест на овој ден 16 -ти октомври, да се потсетиме на некои од неговите цитати.

  • “Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов”
  • “Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва. Тогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ”
  • “Не сакам кога целта го оправдува средството, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта, како во војната, сè е дозволено”
  • “Ѕвездите не постојат, освен оние на небото. Јас само си ја работам својата работа, а тоа што сум популарен само ме прави успешен”
  • “Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене”
  • “Секоја, ама баш секоја жена заслужува да во очите на барем еден маж, во еден момент, во една секунда, па макар тоа да биде и само еднаш во животот, да се почувствува дека е најпосакуваната жена на овој свет”
  • “Никогаш не би се откажал од пријателите, би бил секогаш до нив, и во добро и во зло. Во добро за да се радувам на успехот, а во зло за да помогнам”
  • “Моето животно мото е „Како Господ никој не е – Сè е во божјите раце”
  • “Мирот си го наоѓам тука. Мирот ми е тука и мислам дека ова е суштината. Нема слава, нема популарност, славата не ми е битна, никогаш нема да проаѓам преку живи лешови за да стигнам до слава затоа што не ми е потребна. Ја сакам музиката и ова го правам заради музиката, а не заради слава. Овде ми е мирот и знам дека после сè, ќе завршам тука”
  • “Верувам во Бога и единствено него можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам, затоа што ова што го правам го сметам за мисија која Тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета”
  • “Предупредување за младите: Бидете силни во секој поглед! Најголемата борба е борбата со самиот себе. Издржете и ставете го на испит својот карактер. Не попуштајте пред ништо”