10 брилијантни идеи за здрав и вкусен појадок | Trendseteri
Menu

10 брилијантни идеи за здрав и вкусен појадок

10 брилијантни идеи за здрав и вкусен појадок

 

 

Како што и неодамна пишувавме, појадокот претставува најважниот оброк во денот. Затоа е и многу важно тој да биде здрав, богат и вкусен. Во продолжение ви ги издвоивме овие 10 брилијантни идеи за здрав појадок, за одличен почеток на денот.

1. Згответе си свеж или смрзнат спанаќ во микробранова печка, одозгора турете јајца на око или белки од јајца и малку оцет-балсамико и послужете со свежо овошје како прилог.

2. Протеински шејк приготвен со протеин во прав, млеко со ниска масленост или млеко од соја и овошје.

3. Немасно кисело млеко или урда, а одозгора свежо овошје и цимет или исечкан свеж зеленчук со малку свеж бибер, во зависност од тоа што повеќе сакате.

4. Овесни снегулки приготвени со млеко од соја или со обично млеко; откако ќе ги сварите снегулките, додајте протеин во прав и овошје.

5. Загреани пченкарни тортиљи и одозгора црн грав; попрскајте ги со рендан кашкавал со ниска масленост и салца; и на крај додајте малку свежо овошје.

6. Интегрално печено лепче намачкано со авокадо и парчиња мисиркини гради; свежо овошје.

7. На тврдо тофу исцедете му ја водата, изронете го и пропржете го со малку маслиново масло и свеж зеленчук и билки; свежо овошје.

8. Интегрални крекери попрскани со немасно рикота сирење, а одозгора парченца шумско овошје.

9. Чаден лосос на тостиран интегрален англиски мафин; свежо овошје.

10. Одличен појадок може да приготвите и со состојки што ви останале: мешани интегрални житарки, протеин и зеленчук.

The better nutrition