Новата зимска сезона ќе ја обележат три трендови
Кога е модата во прашање, новата зимска сезона ќе ја обележат три трендови, а посебно се радуваме на удобните teddy капути во најразлични бои.
Teddy капутите
Капутите кои потсетуваат на омиленото мече од детството и оваа зима ќе биде на листата на must have парчиња облека. Се работи за удобно парче кое ќе ве стопли во зимските денови, а притоа изгледаат навистина stylish. Освен популарните беж капути, оваа сезона teddy ќе се носат во различни бои.
Беретки
Капите се еден од оние модни додатоци кои ќе го подигнат стилот на секоја комбинација, па ако мораме да одбереме некој модел, нашиот избор за оваа сезона се беретките. Модната доминација на овие популарни капи е присутна и оваа зимска сезона, а како доказ за тоа се бројните колекции на модните куќи и high street брендови.
Каубојските чизми
Уште еден ултра популарен зимски хит со сигурност ќе бидат и каубојките, кои веќе доминираат на улиците. Доколку сте во потрага по нови чизми кои совршено ќе се вклопат во вашите дневни комбинации, каубојките се вистинскиот избор за оваа зима.