Завист за секоја жена
Ви претставуваме дел од чантите со кои секогаш ќе бидете во тренд
Плико чанта
Овие чанти многу лесно може да се комбинираат со било какви фустани. Таа изгледа совршено во било која боја, минималистичка е, а како што и самите знаете, кога зборуваме за класична мода, минимализмот е секогаш во тренд. Веруваме дека кога еднаш ќе купите ваква чанта, потоа ќе посакате да имате повеќе, затоа што ќе ја комбинирате во сите пригоди.
Металик-сјајна чанта
Чанта која претставува спој од клач модел и вистинска чанта ќе биде совршена за сите дами кои негуваат истанчен стил. Сепак ако некогаш посакате да одите малку подалеку од вообичаениот стил на клач чанта, тогаш металик чантичка е вистински избор за вас.Тие се идеални за забави и изгледаат совршено елегантно.
Клач чантичка со доминантен принт или тока
Ова е модел кој е неопходен за секоја жена. Долги години наназад, овој тип на чантичка е популарен затоа што е елегантен и едноставен, а понуден е во бројни стилови. Мораме да напоменеме дека е идеален за сите пригоди, од попладневно кафе се до гала вечери.
Чанта со интересен детаљ
Чантите со детали и во необични облици ќе ве наведат да паднете во несвест, затоа што нема да можете да одберете само една. Ако планирате да носите цветна комбинација, чанта со сечени детали кои потсетуваат на листови од цвет е неизоставен дел. Стилот на сечени детали и рабови на чантата се токму тоа што ја прават шик, а вас многу модерни.
Штепована чанта
Овој тип на чанта има традиционална аура и ниедна друга чанта нема тоа да ви го подари. Конкретно од таа причина сите главни модни брендови ги креираат токму нив, а тие изгледаат прекрасно. Користете ги за на работа секојдневно или искомбинирајте ги со некој темен фустан и никкогаш нема да се разочарате.