Меланија Трамп покажа како се носи пончо
Меланија елегантниот капут го замени со пончо од кашмир, а еве и како да изгледате елегантно и софистицирано како Првата дама на САД.
Секое нејзино појавување во јавноста будно се следи, особено заради модните комбинации во кои е непогрешлива.
Овој пат таа одбра лежерна комбинација во темни тонови.
Иако капутите се нејзината слабост, овој пат Меланија Трамп направи мали измени.
Пончото кое го носеше е изработено од најфин кашмир со потпис на Салваторе Ферагама, а неговата цена е скромни 2300 долари.

Photos: Getty Images