Модели на фустани што ќе владеат во пролет | Trendseteri
Menu

Модели на фустани што ќе владеат во пролет

Нова сезона, нови трендови

Доколку сте љубители на фустани, тогаш сигурно посебно се радувате на пролетта, а дополнителна причина за тоа ќе бидат и новите неодоливи трендови кои ги носи новата сезона.

Во новите пролетни колекции на некои од најпознатите модни брендови кои ги диктираат трендовите, издвоивме 7 модели на фустани кои без сомнение ќе владеат со пролетта која доаѓа.

Надуени ракави

Ова е еден од трендовите кој уште во минатата година се врати во модата заедно со бројни други трендови од 80-тите години од минатиот век. На овие модели на фустани тешко дека ќе можете да одолеете.

Минимализам

Во новото десетолетие влеговме во ера на модниот минимализам кој дефинитивно беше посакуван после долгогодишното владеење на максимализмот во модата. Што тоа подразбира кога се во прашање фустаните?

Едноставни кроеви во една боја.

Исечоци

Овогодишните изданија на црвените ќилими го потврдија враќањето на моделите на фустани од 90-тите кои го откриваат стомакот, а освен тоа, популарни ќе бидат и моделите со исечоци на колковите и на градите, и тоа во разни облици.

Точки

Тренд кој ни оваа година не излегува од мода се популарните точкички.

Поло фустани

Со поло маиците во мода се враќаат и поло фустаните, идеални за сите дневни, но и деловни прилики. Овој тренд можете да го испробате и пред доаѓањето на пролетта бидејќи овој модел на фустани можат да се носат скоро во текот на целата година.

Хеклани фустани

Време е повторно да се заљубите во трендот од 70-тите години кој сега доаѓа во модерно издание. Хекланите фустани сега доаѓаат и во елегантни вечерни изданија, а во текот на летото ќе бидат популарни заводливите модели за на плажа кои повеќе откриваат, отколку што прикриваат.

Слоевити фустани

Овие модели на фустани кои не ја следат линијата на телото можат визуелно да ја прошират вашата фигура. Но, ова е тренд со кој се исплати тој ризик бидејќи со овој фустан ќе се чувствувате како принцеза.

Сигурно се прашувате што е со цветните фустани? Не се плашете, ни оваа пролет не излегуваат од мода и веруваме дека тоа веќе не е ни потребно да го споменуваме.