Често брендот на вашата облека не е битен, материјалите се оние кои играат клучна улога
Еден од најпосакуваните ефекти во модата е луксузниот изглед. За тоа секако и бојата е битна. Да речеме дека секој ја знае моќта на белата боја, црна, бордо и камел.
Според боите еднакво битен сегмент се и материјалите.
Добрите вести се дека пристапни брендови понудија парчиња облека од квалитетни материјали кој изгледаат прекрасно.
Во продолжение погледнете за кои материјали станува збор.
Сатен
Свилата изгледа скапо, но таа е скапа. Сличен резултат ќе добиете со сродниот сатен, а наш совет е да изберете матиран сатен, затоа што високо сјајниот некогаш има контра ефект.

Крупни ткаенини
Кога зборуваме за вечерни настани секако дека кашмирот е најдобра опција, но и со дизајниран џемпер со крупно ткаење ќе постигнете луксузен изглед.

Пепито примерок
Класичен дезен кој скоро секогаш прави да се чувствувате дека изгледате како милион долари.

Лен
Ленот повеќе не е наменет само за лето, тотална пресвртница во модната индустрија, дизајнерите успешно креираат палта и фустани од лен за зимската колекција.

Волна во камел боја
Доколку до сега не сте, инвестирајте во палто или долг волнен капут во камел боја.

Photos: Instagram