Хит бои на коса за оваа пролет | Trendseteri
Menu

Хит бои на коса за оваа пролет

Промените се секогаш добродојдени

 

Со промената на годишното време доаѓа и желбата за промена на изгледот. Првата промена за која ние жените најчесто се одлучуваме е бојата на косата. Ваквите промени се секогаш добродојдени бидејќи ќе ни го освежат и лицето и тенот. Затоа во продолжение ќе ви ги откриеме боите кои ќе бидат хит во пролетта.

 

Самрак боја

 

Иако овој поим ве потсетува на нешто мрачно и темно, самрак е новиот тренд во 2020 година. Топол кафеав тон на косата со прамени во златесто руса нијанса. Оваа боја одлично стои и за кратка и за долга коса.

Еспресо боја

 

Обично светлите бои се пракса во пролет, но оваа сезона кафеавите чоколадни нијанси и еспресо нијанси ќе бидат апсолутен хит.

Истакнати корени

 

Доколку на вашата природна боја на коса се истакнуваат корените, немој да се трудите да ги сокриете – видливиот темен корен е “ин” оваа пролет. Марго Роби е вистински пример како одлично изгледа оваа фризура.