Марио Арангеловски – младиот бунтовник со издепилиран јазик | Trendseteri
Menu

Марио Арангеловски – младиот бунтовник со издепилиран јазик

Марио Арангеловски – младиот бунтовник со издепилиран јазик

 

Новата ѕвезда на повидок, Марио Арангеловски, нашиот млад и амбициозен пеач од Куманово, кој беше дел од неколку музички проекти во регионот и Македонија и момчето кое секојдневно предизвикува бура реакции во јавноста преку социјалните мрежи, беше гостин во емисијата “Муабетиме” која вчера се емитуваше на една од националните телевизии во Македонија.

Во опуштена и релаксирана атмосфера на наргиле и чај, младиот бунтовник како и секогаш, искрено зборуваше за неговата кариера, приватниот живот и неговото искуство во шоу бизнисот воопшто.

Марио ни го привлече  вниманието и на нас, и затоа се одлучивме да контактираме телефонски со него. На нашите прашања како е да се биде млад пеач во Македонија, дали се гледа себе си како идна ѕвезда на овие простори и за шоубизнисот воопшто, пеачот за Трендсетери изјави:

“Анализирајќи ги луѓето во Македонија кои имаат желба да се занимаваат со јавна професија или оние кои зад себе веќе имаат огромно искуство, успешни или помалку успешни проекти, доаѓаме до заклучок дека овде шоубизнисот се доживува многу површно. Менталниот склоп на луѓето во Македонија е таков каков што е. Па, ретко кој се нафаќа да реализира високобуџетен проект кој е осуден на остра критика и линч. Стереотипите преовладуваат, благорание на веќе издигнатите имиња кои поставила естрадни бариери кои стагнираат со години на назад. Овде сите се скромни, ноншалатно шетаат на улица, се појавуваат на секакви случувања, ги гледаме седнати на кафе во актуелните локали низ Македонија, ги среќаваме на пешачки, во бутици, сегде. Па, со самото тоа не ги доживуваме како ѕвезди, ниту имаме желба да посетиме нивен настап. Големите имиња во светот не секој може да ги сретне на улица”.

Марио кажува дека за него како млад амбициозен музичар, нема пример во Македонија по кој тој би се водел за да научи во кој смер да се одвива неговата кариера за да доживее голем успех: “Освен Тоше Проески, кој успеа да ги премине вешто сите препреки и да се пласира на цел Балкан како врвен музичар и пејач, никој друг после него не успеа да го направи тоа” – истакна тој.

Тој исто така вели дека покрај моменталната ситуација со естрадата и шоубизнисот кој е на најниско можно ниво во Македонија во моментов, една од најзначајните бариери за успех претставува финансиската состојба на естрадните личности: Сите тие имаат, а, никој од нив не работи. Чудно, зар не? Е, јас сум од оние почетници кои не се срамат да признаат дека немаат финансиски средства за сами да си ги финансираат проектите кои ги имаат како првична идеа и за кои сметаат дека се профитабилни. Жалам што во Македонија нема продукциска куќа која има желба да ангажира млади музички имиња, да им обезбеди песни, да им менаџира настапи и конечно веќе еднаш да се покрене Македонската музичка сцена”.

Марио притоа додаде дека никој нема да остане рамнодушен кога ќе ги слушне неговите креативни идеи и планови што му се мотаат низ глава и кои може да направат музичка револуција на овие простори.

“Јас со две раце потпишувам дека имам потенцијал да направам музичка револуција на овие простори доколку се јави некој што верува во моите зборови и ги спонзорира моите идеи. Бидејќи велат дека идејата е најскапа, нема да си дозволам да ја презентирам, но, верувам дека никој нема да биде рамнодушен кога ќе ја слушне.” – изјави Марио Арангеловски за Трендсетери.

Во продолжение ви го прикажуваме неговото најново гостување во емисијата “Муабетиме”…