Стефан од Некст Тајм ја отпеа легендарната песна “Purple Rain” | Trendseteri
Menu

Стефан од Некст Тајм ја отпеа легендарната песна “Purple Rain”

Стефан од Некст Тајм ја отпеа легендарната песна “Purple Rain”

 

 

Веројатно сите се сеќавате на “Next Time”, на Стефан и Мартин и сите нивни хитови кои некогаш беа на местото број 1 на топ листите во Македонија. Тие веќе на големо го подготвуваат својот нов материјал, снимаат, работат, создаваат, но, во меѓувреме додека нешто ново и авторско ни презентираат, тие не застануваат и туку да престанат да работат нешто што е поврзано со музиката. Напротив, создаваат, снимаат преработки, ковери на познати светски хитови кои веруваме сите од вас ги знаете.

На својот фејсбук профил денес Стефан постираше песна од светски познатиот Принс “Purple Rain” која е снимена во 1984-та година. Одлично е ова што се прави и што се снимаат и постираат песни кои на овој или оној начин се заборавени.

Во продолжение, ви прадлагаме да кликнене тука да ја преслушате преработката на “Purple Rain” отпеана од Стефан од “Next Time”.