Новите Miu Miu чанти ќе бидат вистински хит | Trendseteri
Menu

Новите Miu Miu чанти ќе бидат вистински хит

Нова колекција на италијанскиот бренд Miu Miu

 

Реномираната италијанска модна куќа Miu Miu излезе со новата кампања Casa Corbero преку која ја претстави новата колекција за пролет/лето 2020.

Инспирацијата за новата кампања доаѓа од прекрасната Casa Corbero во преградието на Барселона, дело е на познатиот каталонски скулптор Xavier Corbero – разиграна форма која со себе носи строгост, дисциплина и цел. Токму тоа е и целта на Miu Miu, да остави таков впечаток со новата колекција за топлите денови преку различните модели на чанти кои веруваме дека ќе бидат вистински хит во престојната сезона. Колекцијата исто така вклучува фантастични дневни парчиња облека и модни додатоци, чизми и накит.

За стајлингот беше задолжена Katie Grand, додека во улога на модели се најдоа прекрасните Bella Hadid, Tomiwa Mareyann, Lila Moss, Jordan Leftwich, Patrycja Piekarska и Tang He.