Тренерка и чизми?! Ирина Шејк знае најдобро | Trendseteri
Menu

Тренерка и чизми?! Ирина Шејк знае најдобро

Спортски и тренди

 

Драги мои трендсетерки, дали би се осмелиле да излезете надвор со тренерки и чизми? Веројатно ни јас, се додека не ја видов Ирина Шејк како го прави тоа. Со стил.

Руската убавица е фотографирана на лондонскиот аеродром. Веројатно поради долгиот прекуокеански лет облекла удобна гардероба, но сепак во исто време и тренди парчиња и се така во целина овој стајлинг изгледа феноменално.

Долниот дел на белите тренерки го стави испод спортските кожни чизми на Bottega Veneta, а комплетниот стајлингот го заокружи со Burberry кожен мантил и црни очила за сонце. Спортски, но во исто време и гламурозно. Ти благодариме на инспирацијата Ирина.