Меланија Трамп во совршено бизнис издание | Trendseteri
Menu

Меланија Трамп во совршено бизнис издание

Оделото на Мелани полн погодок

 

Првата дама на САД, Меланија Трамп синоќа присуствуваше на состанок по повод една година од потпишувањето на Support for Patients and Communities Act во Вашингтон. Иако веќе се навикнавме да ја гледаме облечена во свечени и елегантни фустани, овој пат убавата Словенка се одлучи за бизнис издание. 

Шик одело составено од пантолони и струкирано сако во смеѓа боја одлично вклопено со црна блуза. Стајлингот го заокружи со црни салонки и бизнис чанта во иста боја како оделото. Полн погодок.