Ева и Илина Соколовски се закитија со прво и второ место
Двете сестрички Ева и Илина Соколовски се закитија со прво и второ место на Интернационалниот натпревар во ритмичка гимнастика во Германија. Сестрите кои се родум од Македонија, редовно настапуваат под македонското знамеме и сеат успеси како никој до сега. Двете девојчиња ги нарекуваат чудо од деца во Германија, а за нивниот телент веќе слушна и цела Европа.
Гимнастичарките, благодарение на нивниот татко Горан Соколовски, на натпреварите го веат македонското знаме, односно се потпишуваат како македонки. Дури и во германските весници се води полемика дали Ева и Илина се натурализирани германки. Инаку семејството Соколовски се од Скопје ,а живеат и творат во Германија.