Кендал Џенер со must have чантата за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Кендал Џенер со must have чантата за оваа сезона

Кендал Џенер во кампањата на модната куќа Valentino

Една од најпопуларните манекенки во светот Кендал Џенер е заштитно лице за кампањата на модната куќа Valentino Garavani која излезе со најновата колекција на модни додатоци за 2020 година.

Фотографиите и видеоспотовите за оваа најнова кампања на Valentino се снимени во Лос Анџелес, со потписот на познатото фотографско дуо Inez % Vinoodh. Прекрасната Кендал Џенер која изгледа волшебно, позира во виолетова и зелена креација и  најновиот модел на чанта VSLING во тиркизна и темно розева боја. Чантата која е украсена со нивното лого и ланец во златна боја, изгледа навистина посебно, елегантно и префинето, и може да се комбинира за секоја пригода.

Дали оваа Valentino чанта ќе биде вистински светски хит? Сигурни сме дека да.

Kendall Jenner  Maison Valentino