Трикови за издолжена фигура! | Trendseteri
Menu

Трикови за издолжена фигура!

Изгледајте што е можно повитко. Со овие трикови може до имате издолжена фигура


Сакате да ги прекриете вишокот килограми и да изгледате витки, а не знаете како да го постигнете тоа? Облеката е најдобар сојузник на добриот изглед, а за да ги маскирате нагласените облини, одбирајте парчиња кои ќе ја издолжат вашата фигура. Затоа носете облека во комбинација со високи потпетици и придржувајте се до советите од стилистите.

 

Избегнувајте ги набраните панталони

Наборите прават да изгледате пошироко, додека правите панталони го сокриваат стомачето и ги издолжуваат нозете, па така ќе изгледате поскладно.


Покажете ги рамената

Со блузите со овален израз или со модели кои го откриваат само едното рамо, ќе го оттргнете вниманието од „критичните“ делови на телото.


Завиткајте ги ракавите

На тој начин ќе го истакнете најслабиот дел од рацете, од лактот до зглобот, а истиот ефект може да го постигнете и со блуза со три-четврт ракави.


Внимателно изберете го градникот

Поставениот пуш-ап градник може да ги урамнотежи пропорциите на телото, додека градникот со премногу опуштен заден дел не ја пружа потребната потпора на градите и може да ги нагласи „перничињата“ на грбот.


Носете облека со подлабок израз околу вратот

На тој начин ќе го свртите вниманието на лицето и горниот дел од телото. Ако имате големи гради носете фустани и блузи со V-израз, а малите гради визуелно зголемете ги со округло деколте.


Пронајдете фармерки од темен тексас со висок струк

Овој модел визуелно ги стеснува бедрата и нозете, додека од фармерките со низок струк стомачето може да „искокне“. Истиот ефект можете да го постигнете ако носите панталони со висок, широк појас. Секако високите потпетици се задолжителни.