Најубавата жена вака го негува лицето | Trendseteri
Menu

Најубавата жена вака го негува лицето

Скарлет Јохансон ја употребува оваа состојка, зошто не и вие?

 
Од познатите ѕвезди се очекува беспрекорен изглед во сите ситуации, а тие трошат огромни суми на различни третмани и производи. Со оглед на тоа што тие можат да си го дозволат тоа без проблем, вистински се изненадивме кога дознавме дека некоја ѕвезда како Скарлет Јохансон користи производ кој на сите ни е достапен.
 
Познатата убавица кажува дека е опседната со чистење на лицето и тоа баш со јаболков оцет. Со негова помош таа го одржува цвојот порцелански изглед.
„Веќе долго ја истражувам природната козметика, затоа што несакам да користам тешки хемиски производи кои ги препорачуваат дерматолозите. Јаболковиот оцет е одличен производ доколку имате проблематична кожа“- изјави Скарлет во едно интервју.
 
Јаболковиот оцет е познат по своето силно антисептичко дејство, претставува одличен лек во борба против акни и масна кожа, габи и брадавици, а може да послужи и како природен тоник за чистење лице.
 

Помош и при изгореници

 

Неговото антиоксидантно дејство ја обновува кожата од изгореници од сонцеи ја намалува температурата.

 

Може и за коса

 

Ја чисти косата од маснотии и првут, а дополнително додава и сјај.

Внимание, секоја кожа различно делува на силната киселина, затоа се почнува постепено со употребата.