10 Ѕвезди со сериозни физички недостатоци, а се сметаат за секси симболи
Ако ги погледнете фасцинантните познати личности, можете да забележите дека тие претставуваат извесен „сигнал за успех“ за обичните луѓе. Сите сакаат да ги копираат оние кои стекнале слава и богатство, но и тие не се така совршени како што ги гледаме ние.
Исто така сите ги сакаат добрите приказни за успех, но сакаат и кога личноста претставува повеќе од модна икона, односно кога ќе го покаже „својот обичен живот“ и „мааните и недостатоците“.
Ова се 10 личности на кои им се восхитуваме баш заради тоа што се.
Karolina Kurkova
Овој Чешки модел е познат по своите настапи за брендот на „Victoria’s Secret“. Но ако некогаш внимателно сте ги погледнале нејзините слики, веројатно сте виделе дека оваа преубава дама нема папок. Тоа е заради операција која ја имала во детството, најверојатно за фиксирање кила.
Megan Fox
Кој и да помислил дека една од најубавите холивудски актерки нема никаков недостаток, ќе се изненади кога ќе слушне дека Megan има деформација на стапалата. Таа поради тој недостаток имала ниска самодоверба кога била помлада, но со тек на време научила да го цени своето тело во полн облик.
Sylvester Stallone
Можеме да зборуваме за актерските способности на господинот Stallone, но никој неможе да го порекне тоа дека стана икона во филмовите од 90тите години. Но пред тоа тој морал да ја премине борбата со оштетени нерви на лицето. Едната половина од неговото лице едвај се помрднува, баш тоа на неговиот карактер во филмот Рамбо дало огомен печат.
Gerard Butler
Тој како дете имал операција за отстранување на тинитус, зуење во ушите. Тоа предизвикало неговото уво да изгледа „чудно“. Иако за некои филмови морал многу да се шминка, за некои баш таа деформација му обезбедувала улоги.
Lily Allen
Оваа исклучително талентирана пеачка обично носи длабоко деколте, за сите да можат да ја видат нејзината деформација, нејзината трета брадавица.
Kate Bosworth
Kate живее во состојба која се вика хетерохромија, заради која едното нејзино око е сино, а другото кафено.
Andy Garcia
Oвој баран актер е роден со близнак прицврстен за рамото и на неговите фотографии од плажа можете да ја забележите лузната од операцијата пред многу години. Меѓутоа тоа никогаш не било пречка за неговите улоги.
Mila Kunis
Mila Kunis е одлична актерка, мајка и тинејџерска сензација која пати од хроничен иритис од кој ослепе на едното око. Ако внимателно погледнете ќе забележите разлика во бојата на очите што е резултат од таа состојба.
Milo Ventimiglia
Сите барем на кратко биле заљубени во овој шармер, но неговата горна усна не се помрднува правилно заради нефункционалност на нервите на лицето. Тој нема чувство на допир на неа, што никогаш не било пречка да глуми и шармира.
Owen Wilson
Неговиот озлогласен нос е резултат на повеќекратни скршеници, а му има помогнато да добие бројни улоги.