Нова колекција на - Зухаир Мурад „Ресорт 2020“ | Trendseteri
Menu

Нова колекција на – Зухаир Мурад „Ресорт 2020“

Колекција која вреди да ја погледнете


Во ек се ресорт колекциите, а својата неодамна ја презентираше и либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. Доколку се уште не сте го испиле кафето, одвојте време за мала пауза и уживајте максимално.

Новите креации презентираат многу посовремен естетски израз на дизајнерот. Од него секогаш сме навикнале да гледаме раскошни фустани, со богати тантели, принтови…

Тој не ја губи својата препознатливост во ресорт колекцијата, но ја поедноставува и ја прави да биде навистина тренди.

Лесна тантела, совршени тенки свили со свежи принтови, креации со светкави материјали што даваат диско ефект посебно актуелни сезонава, па сè до парчиња што вклучуваат и кожа во комбинација со друга ткаенина се дел од она како Мурад ја замислува жената од утро до вечер.

Посебно женствени и нежни се креациите во светли бои со карнери, а не изостануваат и оние што го истакнуваат сексапилот на најпрефинет начин.

Зухаир не го заобиколува ниту трендот на женски одела со машки крој, па можат да се видат неколку варијации на темата, пред сè во поглед на комбинирањето материјали.

За крај, ве оставаме да ја погледнете колекцијата која можеби е и една од најтрендовските на дизајнерот и за која не се сомневаме дека ќе ги воодушеви дамите: