Јужноафриканка избрана за Мис на Универзум | Trendseteri
Menu

Јужноафриканка избрана за Мис на Универзум

Зозибини Тунзи е најубавата девојка за 2019 година

 

Мисот на Јужна Африка Зозибини Тунзи е новиот Мис на Универзумот.

Синоќа, во Атланта се одржа изборот за Мис на Универзум, а за прв пат победи девојка која потекнува од Јужна Африка.

За нејзина прва придружничка беше избрана Софија Арагон од Мексико, а за втора Медисон Андресон од Порторико.

Мисицата полна со емоции, изјави: “Израснав во свет каде жената која изгледа како мене, која има коса и боја на кожа како мене, никогаш не се сметала за убава. Време е тоа да го престане денес”.