Зошто по будењето треба да го местите креветот? | Trendseteri
Menu

Зошто по будењето треба да го местите креветот?

Истражувањето открива што се случува ако го уредите креветот, а што ако не…

 

Дали влегувате во онаа категорија на луѓе кои кога ќе станат од креветот веднаш го местат и средуваат или сте оние кои од сабајле го мразат цел свет и не им паѓа на памет да си го средат креветот?

Во која категорија и да сте, според едно истражување ќе ви откриеме неколку карактеристи за вашиот карактер.

Стручните лица кои се занимаваат со проучување на спиењето направиле истражување на 2000 американци. Резултатите покажале значителни разлики помеѓу оние кои го местат својот кревет и оние кои воопшто не им е гајле за тоа.

 

Оние луѓе кои не си го местат креветот, според истражувањето се плашливи, саркастични, смирени, мрзеливи, со задоволство би спиеле што повеќе, и на сабајле им треба повеќе време да станат од креветот. Сето ова негативно влијае на вашето расположение, иако можеби не сте свесни за тоа.

Тие што си го местат и средуваат креветот се повеќе спортски настроени во споредба со другите. Тие се поактивни и без проблеми стануваат рано на сабајле – дури на повеќето од нив не ни им треба аларм.

Затоа стручњаците советуваат да веднаш по станувањето си го наместите креветот за да бидете повеќе енергични, свежи и подготвени убаво да си го започнете денот. Ако до сега тоа не сте го правеле, не е проблем полека да го навикнете вашиот мозок на таа рутина. Само треба малку пракса, и веднаш ќе ги почувствувате промените.