Златни правила за убавина | Trendseteri
Menu

Златни правила за убавина

Убавите французинки го потврдуваат ова

 

Негата на кожата е поважна од шминката

Французинките воопшто не сакаат да се кријат испод еден тон шминка и најмногу труд вложуваат во негата на самата кожа, а нанесувањето на шминката го сведуваат на минимум. Тука се зема во обзир и факторот здрава исхрана – повеќе органска храна, помалку шеќери.

Нагласете ги карактеристиките на своето лице

Бидете свои! Работете со она што ви го дала мајката природа и не пробувајте да се вклопите во клонираната маса која во последно време пробува да се наметне како критериум за убавина. Уживајте во вашата посебност. Не ви требаат експерименти со кои ќе ја смените физиономијата на вашето лице.

Помалку е повеќе

Држете се на еден beauty нагласок за да не претерате.  

Барајте рамнотежа, а не совршенство

Совршенството никогаш не делува природно, а знаете ли зошто? Бидејќи не е природно

Фокусирајте се на базата

Базата ја сочинуваат телото, косата и кожата. Негувајте ги најдобро што можете. Никакви додатни разубавувачи не се потребни.

Не ја сушете косата со фен. Оставете природно да се исуши

Топлината ја оштетува косата, а со обзир на тоа дека французинките го негуваат природниот изглед, ретко се фарбаат и воглавно имаат прилично едноставни фризури кои лесно се одржуваат.

Сонот е клучен за убавина

Веќе на сите ни е познато дека не треба да одиме на спиење со шминка на лицето, но ова подразбира и адекватна нега на лицето. Всушност, ноќната крема и кремата за подрачјето околу очите се задолжителни и без нив не би требало да одите на спиење.