Животот е еден | Trendseteri
Menu

Животот е еден

Каков би бил човекот без општествените маргини?

 

Човечкото суштество се смета за паметно и способно.  Неверојатно е тоа што тој сам си создава стравови, болка, разочарување, стереотипи и бариери.  Самиот си создава правила, принципи, критериуми кои подоцна и сам ги руши.  Ретки се оние што се глуви за туѓите зборови и мислења кон нив.

Еве како би изгледал човекот доколку не е обликуван од општествените маргини

  1. Би бил полн со љубов кон се.  Човечката душа е научена да сака, но и да биде сакана. Зборовите дека не му е потребна љубовта на човекот се само лошите искуства кои изградиле кула од мисли. 
  2. Би бил секој ден среќен, затоаа што секој ден носи нова радост, нова тага, нова планина. Денес среќата се темели на нов автомобил, конфорен дом,  скапа технологија во евтина душа.  Таа е само онаа, привидна среќа која трае се до мигот кој ќе донесе разочарување. Тогаш се симнува таа позлатена маска на среќата.

  1. Би бил искрен. Нема да постојат иронијата, сарказмот, злобата, зајадливоста и љубомората. Човечката душа знае дека само вистината ослободува и го дава тој скапоцен дар наречен мир. 
  2. Долго време би бил во природа, затоа што тој е дел од природата. Сите после ден поминат сме исполнети со елан и мир. Тоа е таа моќ на природата која е повредна од скапа масажа. 
  3. Би се радувал на едноставни работи. Човечката душа зае дека скапите работи заминуваат, а земаме толку колку што ни е доволно.

  1. Би ги почитувал и прегрнал сите. Човечката душа знае дека сите сме создадени од крв и место. Човечката душа знае дека сите сме само обични души штп дошле во материјалниот свет.

  2. Би дарувал секој ден и на секого. Нема да се скрати човечката рака ни џеб ако се оддвои малку за среќа на другите. Човечката дѕша знае дека дарувањето носи мир, а она што го спречува човекот да дава е стравот дека неговото ќе се намали и секако желбата за двонасочна замена дар за дар, мило за драго. 
  3. Би им простил на сите што го повредиле. Човечката душа знае дека тие повреди се огледало на нивните страдања и повреди. 
  4. Би се смеел на се. Нема да постои лутината, гневот, одмаздата. Човекот би се смеел на своите паѓања, на туѓите коментари шти го стрелаат од сите страни. Би се смеел, би плачел од смеа, би УМИРАЛ ОД СМЕЕЊЕ. Душата на човекот знае дека смеењето го продолжува животниот век, знае дека со смеењето црвот на злобата и одмаздата ќе се загуши во сопствената злоба. 
  5. Би ја покажувал целата палета на емоции со која располага неговата душа. Криењето на емоциите, покажување на постојана среќа заради погледите на другите се лажен живот, се директно харикири на човечкото битие и загушување на целата слободна енергија. 
  6. Би се трудел да биде подобар секој ден.  Откажувањето и предавањето не ја одликува човечката душа. Тоа го прават негативните искуства.  Душата на човекот сака да биде посилна од вчера, сака да се справи со предизвиците кои излегуваат како федери од стар душек

Затоа разнеси се од смеење во миговите кога ти се смее,  пушти ги солзите нека ја накиснат облеката и душата. И, нека не ти е грижа што ќе мислат другите.

Многумина ќе се прашуваат што ти е, но само посебните ќе ти ги избришат солзите и ќе ти дадат ново сонце под солцето.

 

Д.А. Патникот со закрпени патики