За топла и стилска зима, шаловите и марамите се неизоставен моден додаток
Волнените шалови се секогаш паметна идеја, но покрај нив, со задоволство оваа зима ќе носиме шалови од вештачко крзно, како и вечно модерните марами од меки, топли материјали.
Освен што може лежерно да ги префрлите околу вратот, може половично да ги замотате или пак да ги префатите со ремен околу струкот. Врзувањето на нежен јазол, како што тоа го правеле нашите мајки, е исто така добра опција.
За да ви ја поттикнеме креативноста како оваа зима да ги износите сите можни шалови и топли марами кои ги имате на располагање, ви предлагаме неколку комбинации за сдудениот период: