Жизел Бундшен пишува модна историја!
Една од најплатените манекенки во светот, 37-годишната Жизел Бундшен, без грам шминка на своето лице блесна на насловната страна на новиот број на магазинот “Vogue”.
Познатата бразилска убавица, која сама се погрижи за нејзиниот стајлинг, е првиот супермодел во светот која во вакво издание, односно со својата природна убавина ја краси “модната библија”.
Таа му дозволи на фотографот Џејми Хавкесфорд да ја фотографира во нејзиниот дом и со тоа да се долови моментот како изгледаат познатите во недела дома кога ќе се изгасат светлата од рефлекторите.