Женски бенд од 80-тите со Џиџи и Бела Хадид | Trendseteri
Menu

Женски бенд од 80-тите со Џиџи и Бела Хадид

Прекрасна кампања на Moschino

 

Познатиот моден фотограф Стивен Мејсел во својата долгогодишна кариера сними безброј едиторијали, насловни страници на најпознатите модни магазини и модни кампањи, а голем број од нив ги изработи за италијанската модна куќа Moschino со која соработува од 2014 година.

Нивниот последен заеднички проект е само уште еден доказ за нивната прекрасна соработка. Имено, се работи за последната Moschino кампања за колекцијата пролет/лето 2020 со која реномираниот моден бренд продолжува со естетиката од 80-тите години.

Кампањата ни го прикажува женскиот бенд во необичен состав: Џиџи Хадид, Бела Хадид, Каија Гербер, Адут Акеч и Иман Хаман, во облека од најновата колекција на Moschino. Колекцијата вклучува впечатливи модни додатоци како огрлици со масивни златни алки кои се хит веќе неколку месеци.

Како посебен гостин се појавува супермоделот Тура Банкс, а серијата фотографии доаѓа со одлично видео како концерт одржан некаде во текот на 80-тите години од минатиот век. Бендот ја изведува легендарната “Cool World” од Карле ДеВито од 1981 година, па затоа не е ни чудо што оваа кампања предизвика низа позитивни коментари.