Жените во сакоа, мажите со чанти | Trendseteri
Menu

Жените во големи сакоа, мажите со мини чанти

Феминизирани чанти во машката мода

 

Најголемите трендови од модната недела во Милано беа предимензионираните сакоа во женскиот свет и мини чантите кај мажите.

Чантите на голема врата влегуваат во машката мода. Но не оние кај што најважна е функционалноста и какви што обично мажите носат, туку модели на чанти кои воопшто не се разликуваат од моделите наменети за жените. Чантите од женскиот свет изненадно се појавија кај мажите.

Најзастапени се мини чантите кои најчесто се носат дијагонално, преку грбот и класичните чанти. Феминизираните чанти во машката мода се новата реалност.

Додека, предимензионираните сакоа кај жените беа вистински хит. Се носат на голи нозе, високи потпетици и шорцеви кои не се елегантни, туку опуштени, лежерни и повеќе како спортска верзија.