Стилски трикови за жени со облини | Trendseteri
Menu

Стилски трикови за жени со облини

Со овие трикови ќе ги „сокриете“ килограмите и ќе изгледате одлично


Секоја жена има барем еден дел од нејзиното тело на кое и не е баш горда и би сакала тоа да го промени. Но со овие стилски трикови совршената фигура не е недостижна.

Доколку имате некој килограм повеќе на стоматок или колковите, не се секирајте, тука сме да помогнеме.


Заборавете на тесна гардероба

 

Во тесната облека сите несовршености ќе дојдат до израз, затоа заборавете на тоа. Еднобојните парчиња со поширок крој се вашиот главен сојузник. И најголема заблуда е дека тоа мора да биде исклучиво црната боја. И монохроматскиот стајлинг во беж боја ќе направи вашата фигура да изгледа витко.


Вертикалните пруги играат клучна улога

 

Овие пруги ќе ја направат вашата фигура совршена. Фустани или комбинезони се вистинскиот избор во овој случај, бидејќи со нив ќе имате најдобар ефект.

Ставете акцент на деловите на телото кои најмногу ги сакате

 

Ако сакате да го сокриете стомакот, ставете акцент на градите или нозете, но без претерување. Дискретно деколте ќе биде доволно да го тргнете вниманието од стомакот.

 


Фустани испод колена и подолги од тоа

 

Фустаните испод колена ќе направат вашата фигура да изгледа одлично. Ваков крој најмногу ви одговара.


Панталони со висок струк се најдобра опција

 

На фармерките со низок струк можете слободно да заборавите. Таквата облека может да ја носат само оние дами со совршена фигура. Доколку сакате визуелно да го намалите стомакот и колковите, облечете ги они со длабок струк. Во нив вашите нозе ќе изгледаат подолги и целата фигура ќе изгледа витка.


Кардиганот ќе го сокрие секој килограм вишок

 

Кардиганот одлично се вклопува со фармерки, но и со фустани и здолништа. Како создаден за сокривање на вишокот килограми на овие критични делови на телото. Ќе воспостави рамнотежа и ќе го избалансира изгледот на вашата фигура.