Правила за добар стајлинг за жени 50+ | Trendseteri
Menu

Правила за добар стајлинг за жени 50+

Обрнете внимание, овие лекции се непроценливи

 

Жените во секој период од нивниот живот би требало да водат сметка за изгледот. Непишано правило е дека кога жените се во зрели години, модата мора да стане монотона, а единствени дозволени нијанси се темните.

Јасно е дека нема да носите прекратки здолништа, длабоки деколтеа, но исто така не значи дека треба да ја занемарите модата.

Според овие правила се водат и најголемите ѕвезди во Холивуд и благодарение на нив изгледаат одлично во секоја прилика.

 

Познавајте го своето тело

 

Основно правило за добар стил е изборот на гардероба кој е во склад на градбата на телото. Нема полошо од жена во минич која се труди да изгледа како тинејџерка. Бирајте парчиња кои ќе ги сокријат вашите недостатоци и ќе го истакнат најдоброто од вашето тело.

Квалитет, а не квантитет

За време на големи распродажби, тие не подлегнуваат на импулсивно купување и да го земат моделот на маичка во сите бои само затоа што е на 50% попуст. Купуваат наменски и организирано.

Здолниште испод колена

Здолништата испод колена одлично стојат на сите жени и со нив нема грешка. Можат да се носат за свечени прилики, но и во лежерни варијанти. Тоа најдобро го знае и Викторија Бекам која често можеме да ја видиме во вакви модели.

Добро скроено одело

Освен што моментално е апсолутен тренд, во одело жената изгледа моќно и елегантно. Секоја припадничка на понежниот пол која знае што е добар стил има барем едно одело во својот гардеробер.

Квалитетно парче накит 

Доколку не сте доволно храбри да се поиграте со боите, одлучете се за впечатливи парчиња накит. Добриот аксесоар ќе даде посебна нота на целиот стајлинг и ќе направи за миг да изгледате моќно и скапо.

Не претерувајте со шминка

Кога ќе наполните 50 години, шминката треба да ја минимизирате. Минимализмот понекогаш дава многу подобри резултати.

Не се плашите да излезете од комфорната зона

Понекогап е добро да излезете од сигурната зона и да изберете стајлинг кој не е типичен за вас. Вистински пример за тоа е Шерон Стоун која светлиот комбинезон го направи прикладен за своите години. Навистина изгледа одлично, нели?