Зелената боја ќе завладее во женските гардеробери | Trendseteri
Menu

Зелената боја ќе завладее во женските гардеробери

Како трендсетерките ја комбинираат зелената боја?

 

Минатата година бевме сведоци на огромната популарност на зелената боја, посебно на темните тонови во сите варијанти, и се чини дека зелените тонови остануваат актуелни и во оваа 2020 година. Зелените нијанси ќе бидат во сите женски гардеробери, а посебно на трендсетерките и инфлуенсерките.

Оваа година посебно ќе се носи сиво-зелената нијанса, а неонските зелени тонови можеме да ги очекуваме кај уличната мода, со тоа што повеќе ќе биде присутна кај модните додатоци, за разлика од 2019 кога неонските аутфити беа присутни од глава до пети, па дури и кај високата мода.