Единствениот модел здолниште кој ви е потребен за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Единствениот модел здолниште кој ви е потребен за оваа сезона

Овој модел здолниште одлично се комбинира со „oversize“ кошули и џемпери, кои се хит оваа сезона


Помина доста време откако класичните „pencil“ здолништа беа резервирани само за бизнис дамите, за да прерасне во нешто што мора да го поседува секоја влијателна жена.

Кариран модел со висок струк од ова здолниште одлично одговара со бела кошула или блуза со нагласени рамена. Оваа сезона ваквото здолниште искомбинирајте го со гломазен џемпер или широка кошула, чизми со висока потпетица и ќе имате идеален стајлинг за студените денови.

Ако сакате модел кој би го носеле со години, „pencil“ здолништето е нешто што ниту едно друго здолниште не може да го замени. Исто така ако сакате безвременско парче од овој модел, ви предлагаме да инвестирате во карирано или кожно здолниште.

Во продолжение погледнете ги најрепрезентативните предлози и како може да ги комбинирате.