Започна новата сезона на хит серијата “Преспав”
“Преспав” се враќа на малите екрани. Новата сезона ќе се емитува секој вторник и среда со почеток од 19 часот на Телевизија 24.
„Преспав“ е првиот македонски сит-ком проект, целосно осмислен и одработен од македонски продуценти, сценаристи и актери, кои вложија сериозен труд и култивираа бесценето знаење и искуство за вакви слични понатамошни проекти. Секоја епизода е инспирирана од општествена тема, актуелен проблем или конфликт, и разрешница која предизвикува смеа, но воедно пружа и реален пристап. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов.
Семејната приказна на тројцата браќа Бузалевски, кои иако дијаметрално карактерно различни, имаат една заедничка цел – да инвестираат во промени во својот роден крај, е во режија на Игор Иванов Изи.
Во „Преспав“ учествува актерската екипа во состав: Игор Џамбазов, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири.
Композитор музиката од најавната шпица која навестува 30-минутна релаксација пред малите екрани за целото семејство е на Мите Димовски од студиото Тралала.