Нов карате & фитнес клуб “Заншин Доџо” во Гостивар
Заншин Доџо (на јапонски: “Zanshin”-спремност пред напад, “Dojo”-простор за вежбање на боречки вештини) е најновиот фитнес и карате клуб на македонската сцена.
Клубот вчера (четврток 14 септември) имаше свечено отворање а денес официјално почнува со работа. Тренинзите ќе ги води добропознатиот тренер Гоце Андриевски со лиценца за карате тренер од “Шотокан карате” академијата, кој со своето 12-годишно искуство воведува нешто ново кај нас, карате и фитнес заедно, според него идеален спој на две совршени техники кои ќе влијаат да го промените вашиот изглед, размислување, и едноставно вашиот начин на живот.
“Последните пет години ми се едни од најуспешните, како на домашни, така и на меѓународни натпреварувања. Би ги издвоил последните натпревари од оваа година, од кои во Лесковац на ИПОН купот го освоивме 2-рото место во генерален пласман, 4-то место во Влаотинце и во Краљево 2-рото место, каде се натпреваруваат 60тина клубови од Македонија, Србија, Романија, Бугарија и Црна Гора. Со мојот тим што тука денес можевте да го видите, поминавме се и сешто, трениравме во спортски сали каде редовно имавме термини, и тоа ме мотивираше да го отворам овој клуб. Ова не е само моја заслуга, туку заслужни се сите тие околу мене. Работиме тимски, тренираме, се храниме здраво и живееме подобро, бидете и вие дел од нас” -изјави Гоце Андриевски.
Тука ќе работи еден од најстарите и најтрофејните карате клубови во Гостивар, Шотокан карате клуб ПОЛОГ.
Тел. за контакт: 078/288-747
Мејл: andrievski.goce@gmail.com
Клубот се наоѓа позади поштата во Гостивар.