За шопинг по дожд | Trendseteri
Menu

За шопинг по дожд

За сите оние кои неможат да се откажат од пасијата и во дождливо време

 

Колу би било прекрасно да има некој да ни го носи чадорот додека одиме по улица!

Понекогаш држењето на рачката од чадорот може да биде баш заморно, но тоа е единствен начин да се заштитиме од пристигнувањето на важен состанок како да не полиле со кофа вода.

Замислете да поседувате чадор кој не треба да се држи???

Веќе не мора да мечтаете, затоа што луксузната француска модна куќа Louis Vuitton го претстави овој ултра модерен ранец кој доаѓа во комплет со еднакво модерен чадор, кој се притиска на копче и се отвара директно над вашата глава.

Оваа феноменална креација е дел од ексклузивната едиција „Shopping in the rain“ уште од 1996 година. Ранецот се продава преку аукциската куќа Christie`s по почетна цена од 1500 и 2000 долари, иако се верува дека овој супер практичен асесоар достигнува многу поголема цена.

Чадорот и ранецот имаат препознатлив LV кафено-крем монограм, а самиот ранец го крие механизамот внатре во ентериерот.

Иако ранецот претходно бил во нечија сопственост се наоѓа во фантастична состојба, за која сведочи сертификатот.

Божествената креација ќе се продава во лимитираната online колекција на страната Barney’s.